ЕХФ анализа – Пет причини зошто Кил и Фленсбург ќе одат на Ф4 во Келн!

Постојат пет прични поради кои германските четвртфиналисти Кил и Фленсбург ќе обезбедат билет за Ф4 турнирот во Келн, смета германскиот новинар, Бјорн Пацен, во анализата објавена на официјалниот сајт на ЕХФ.

Викендов стартуваат четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите кои се последниот филтер за Фајналфор турнирот во Келн. Седмото издание на ЕХФ Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн ќе се одржи на 3 и 4 јуни. Никогаш досега Ф4 турнирот во Келн од Лигата на шампионите во машка конкуренција не бил без германска екипа, се потенцира во анализата.

Кил и Фленсбург за противиници во четвртфиналето од ЛШ ги имаат Барселона и Вардар кои беа првопласирани во групната фаза и обезбедија директен пласман во Топ 8. Но, според оваа анализа, германските екипи имаат поголеми шанси за пласман на Ф4 од своите противници.

Ова се петте причини кои ги носат Кил и Фленсбург во Келн:

vardar-flensburg

1.Историјата на дуелите

Лесно е да се мотивираат играчите  – треба само да им се покаже исходот од претходните четвртфинални дуели меѓу двете страни. Во 2014 година, Фленсбург го елиминира Вардар со повеќе голови постигнати на гостински терен, а Кил лани на сензационален начин ја исфрли Барселона од игра и обезбеди место на Ф4. Противниците на германските екипи, го имаат притисокот врз себе, не само како победници во групната фаза, туку исто така и поради мислата дека ги загубиле тие важни дуели во минатото.

2.Искуството

Кил досега шест пати настапил на Ф4 турнирот во Келн од досегашните седум изданија, понекогаш и во ситуации кога пласманот изгледал речиси невозможно. Дури и загубените мечеви на домашен терен во елиминаторната фаза не значеле ништи за Kил кој успевал да се врати како што го направи тоа и сезонава во осминафиналето со Рајн Некар Левен. Иако сезонава Кил има осум порази од 16 натпревари во ЛШ, вклучувајќи го и поразот од ПСЖ со 42-24 што е најтежок во клупската историја, тие се секогаш на варвот на својата игра кога е најпотребно.

Фленсбург само еднаш досега се пласирал на Ф4 во ЛШ, но тогаш извлекоа максимум од своите можности и го освоија шампионскиот пехар во 2014. Минатата сеозна тие беа за еден гол покуси во четвртфиналето со Кјелце кој потоа стана шампион и годинава сакаат тоа да го надополнат против Вардар.

Секогаш досега кога се соочувал со македонскиот шампион, Фленсбург победувал, во било која фаза од Лигата на шампионите, а последен пат кога ги победија потоа станаа и шампиони. Од друга страна, Вардар го има притисокот на трите загубени четвртфиналиња по ред, што значи дека тие никогаш не ја виделе Ланксес Арена или Катедралата во Келн.

Генерално, двете германски екипи, покажале во различни натпреварувања, дека може да ја задражт контролата и на гостинските натпревари против водечките клубови во Европа.

kil barsa

3.Паралелни натпреварувања

Барселона нема вистински противник во шпанската лига. Иако тоа може да биде предност на тимот со најмногу шампионски титули, да може да ги одмора своите играчи за ЛШ, сепак, на играчите им недостасува цврстина што се стекнува со искуството од натпреварување кога мора да пружиш максимум во секој натпревар. Исто така, ритамот на Барселона е скршен со неиграњето во осминафиналето, иако тие велат дека за нив е извонредно ова дополнително време за опоравување.

Вардар ја освои СЕХА лигата со стил, крунисувајќи ја својата најдобра сезона со трета титула во регионалната лига. Но, играњето во СЕХА лигата, не може да се спореди со играњето ракомет во Бундеслигата, бидејќи таму само пет или шест клуба се на повисоко ниво.

Според тоа, иако Кил и Фленсбург се жалат на тешкиот календар што го имаат, кога секоја недела играат натпревари од ЛШ и од Бундеслигата во која и 18-от може да го победи првиот, тоа сепак, ги прави играчите посилни и поиздржливи.

gislason kil

4.Тактики

Фленсбург се надева дека ќе ја игра својата брза игра со контра-напади против Вардар. Против одбранбениот ѕид на Брест во осминафиналето имаа големи проблеми, но Вардар ќе игра многу поофанзивно што ќе му ја олесни работата на Фленсбург. Доколку Вардар сака да одговори со истата брзина, тогаш може да се очекуваат многу голови, а колку повеќе голови се постигнати, толку е поголемаа предноста на Фленсбург.

Кил и Барселона добро се познаваат меѓусебе и мислат дека никој никого не може да изненади на тактички план. Фленсбург го мислеше истото во финалето од Купот на Германија – и тактички беше поразен од Кил кој го искористи левото крило, Руне Дамке како плејмејкер, што ја збуни одбраната на Фленсбург.

Во ситуација кога лидерот Домагој Дувњак го нема на располагање на дуелите со Барселона, тренерот Алфред Гисласон, тактички ќе ја префрли одговорноста на повеќе играчи, како Никола Билик и Лукас Нилсон. Кил има многу варијанти во нападот, вклучувајќи ја и таа кога пикерот Патрик Виенцек игра во врвна форма како бек.

vranjes-600

5.Посебна ситуација на двете страни

Кил беше под полн притисок по несигурната сезона, посебно на меѓународна сцена. Навивачите реагираа, а тренерот Гисласон беше критикуван како никогаш досега откако е на клупата на Кил од 2008 година – иако зад неговото име стојат 19 титули со Кил. Навивачите во Кил се навикнати на успеси и тие може да простат една сезона без титула, но не и две.

Сега Кил е исклучително поттикнат со освојувањето на титулата во Купот на Германија пред две недели со што стави крај на 46-месечниот период без трофеј. Навивачите се среќни, сите притисоци исчезнаа, а „зебрите“ се опуштени.

Пресвртница во целата сезона беше пласманот во четвртфиналето во ЛШ, по пресметката со Рајн Некар Левен и победата во Манхајм по исклучително тешкиот викнед во Купот. Кил се врати на победничката патека, а според искуството од минатото, кога ќе тргне парната локомотива, тешко некој може да ја запре.

Фленсбург ги игра прошталните натпревари со тренерот Љубомир Врањеш. Играчите и раководството ќе сторат се за да го засладат крајот и разделбата со Врањеш кој во Фленсбург помина 11 години. Тоа може да го сторат со две работи – да ја освојат втората титула во Бундеслигата, и да букираат виза за Келн во дуелот со Вардар.

Нивната решеност да завршат високо сезонава е поттикната уште повеќе откако ја испуштија првата шанса да го освојат домашниот трофеј во Купот на Германија против Кил.

Се гледаме во Келн, Фленсбург и Кил и се радувам на повторната средба – порачува германскиот новинар во својата анализа.

barsa kil

Од наша перспектива пак, на Вардар му останува денеска да му ги расипе победничките планови на Фленсбург, а на Кире Лазароов и на Борко Ристовски со Барселона, да ја сопрат локомотивата на Кил и да му се реваншираат за ланската елиминација.

Па, подобрите од овие четвртфинални дуели потоа нека одат во Келн, заедно со победниците од другите две унгарско-француски пресметки во четвртфиналето од ЛШ, во едната меѓу Пик Сегед и ПСЖ и во Другата меѓу Веспрем и Монпелје.

Се вчитува...