ЕХФ ги избра најдобрите 7 од првиот дел: Без ниту еден Македонец!?

Македонија завршувајќи на првото место во Групата Ц, како првопласирана ќе ги очекува и натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Хрватска.

Две победи и реми запишаа македонските ракометари по првиот круг, но ниту тоа, ниту игрите на нашите поединци на шампионатот, не беа доволни ЕХФ во својот избор на најдобриот тим по првата фаза да смести Македонец.

ЕХФ ги избра најдобрите 7, но без Македонци…

ЕХФ ги избра и најдобрите пет одбрани во првата фаза од првенството, и исто така без ниту еден од македонските голмани…

Се вчитува...