ЕХФ недела: Македонските ракометарки тестираат со Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/09/2017 15:05
Кошарка
23/09/2017 14:52
Фудбал
23/09/2017 12:57
Ракомет
22/09/2017 19:52

ЕХФ недела: Македонските ракометарки тестираат со Србија

ЕХФ недела: Македонските ракометарки тестираат со Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска (16.30 ч.) во салата во Автокоманда ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари со селекцијата на Србија. Вториот дуел со Србија е утре (12 ч.) во „Јане Сандански“. И двата натпревари се затворени за публика.

Овие контролни натпревари се во рамките на подготовките во неделата на ЕХФ, ќе бидат прв тест за избраничките на селекторот Симе Симовски пред јунскиот бараж за СП 2017 против Шведска (10-13 јуни).

За оваа фаза од подготовките селекторот Симовски на располагање ги има сите 22 повикани ракометарки, со исклучок на капитенот Елена Ѓоргиевска која дојде на собирот, но мора да паузира поради повреда на коленото.

„Натпреварите со Србија ќе ни бидат, добра, квалитетна контрола да видиме до каде сме, пред она што не очекува во јунскиот бараж против Шведска“ – истакна македонскиот селектор.

Репрезентацијата на Србија на контролниот двомеч со Македонија ќе настапи засилена со левиот бек, Сања Дамњановиќ. Ракометарката на Вардар, по двегодишна пауза одлучи повторно да се врати во националниот тим. Иако беше повикана на списокот за овој собир, настапот за српската репрезентцаија одново го откажа Андреа Лекиќ, а во составот ја нема ни новата вардарка, Драгана Цвијиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.