ЕХФ потсетува: Битола е градот каде почна ЛШ во ракомет

Лигата на шампионите во ракомет од година во година се повеќе добива на квалитет и на популарност, а во пресрет на почетокот на 25. сезона од елитното европско натпреварување, ЕХФ се потсети на неговиот почеток, на денешен ден пред точно 24 години.

За нас важен поради фактот дека премиерниот натпревар од ракометната ЛШ се играше во Македонија, поточно во Битола каде екипата на Пелистер го пречека словенечкиот првак Целје.

На прагот на 25. сезона во ЛШ, пригодно е да се навратиме каде се започна – на денешен ден пред 24 години со мечот Пелистер – Целје“ – беше објавено преку профилите на социјалните мрежи на ЕХФ Лигата на шампионите..

As we enter the 25th #ehfcl season, it’s fitting to look back to where it all began, 24 years ago today with Pelister Bitola ?? & @RKCPL ?? pic.twitter.com/cCNaeqkqjW

Пелистер имаше предност од 10-8 по првото полувреме, но гостите направија пресврт и во драматичен финиш славеа со 22-23. Запишано во историјата останува дека најдобар стрелец на првиот официјален меч од Лигата на шампионите беше Душан Новокмет со девет погодоци, додека пивотот Котевски беше стрелец на четири гола за „пелистерци“.

Штета, Пелистер предолго го нема во елитното европско натпреварување, а и покрај најавите за сериозен проект за атак на висок пласман се чини дека тоа нема да се случи ниту сезонава.

Се вчитува...