Еибар се поклони пред „кралевите“

Реал Мадрид рутински го совлада Еибар со 3-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и ја забележа шестата победа во Ла Лига оваа сезона. По овој триумф, „кралевите“ сега имаат 20 бода, и се наоѓаат на третото место на табелата, со пет бода негатива во однос на лидерот Барселона, а еден бод помалку од Валенсија.

Домаќините поведоа со автоголот на Оливеира, кој по скокот со Серхио Рамос самиот ја уфрли топката во мрежата. Во 28.минута, Асенсио прекрасно ја заврши акцијата од левата страна и зголеми на 2-о, а во вториот дел Марсело беше стрелец на третиот погодок за Реал Мадрид.

Се вчитува...