Ејупи револтиран: Не играм за Македонија додека е Ангеловски селектор! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59
Ракомет
18/11/2017 15:36
Кошарка
18/11/2017 9:26

Ејупи револтиран: Не играм за Македонија додека е Ангеловски селектор!

Ејупи револтиран: Не играм за Македонија додека е Ангеловски селектор!

Напаѓачот на хрватскиот Осијек, Музафер Ејупи се одлучи да реагира по неговото изоставање од списокот на репрезентацијата за престојните два квалификациски натпревари против Израел и против Албанија.

Ејупи, како што вели во своето обраќање до јавноста, категорично одлучил да не игра за Македонија, доколку во иднина следи евентуален повик, се додека селектор е Игор Ангеловски…

„Откако ја објави листата на играчи за претстојните натпревари, јас Музафер Ејупи чувствувам одговорност да ја информирам јавноста за одлуката во врска со мојата иднина во репрезентацијата. Ја почитував секоја одлука на селекторот Игор Ангеловски, знаев за предноста на оние кои играат надвор од Македонија и кои редовно постигнуваат голови во тимови кои играат важна улога во најсилните првенства. Молчев кога редовно постигнував голови во Македонија, а потоа во Тајланд, со оправдание на критериумот да се игра во посилен шампионат. Но, заминав за Хрватска каде што постојано постигнувам голови, најпрво со Славен Белупо, сега со Осијек со кого играме во Лигата на Европа. Чекав да дојде мојот ред… Всушност, селекторот Ангеловски ме покани но не ми даде шанса да играм во Лихтенштајн, а одигравм само 11 минути во пријателски меч со Белорусија. Бев и тогаш шокиран, но сакав повторно да се докажам пред селекторот, убедувајќи се дека ќе дојде и мојот ред. Сега на последната листа уште еднаш сум изоставен и навистина не можам да го разберам тоа, во услови кога играм во хрватскиот шампионат, имаме успех со Осијек и не ми недостасуваат голови. Со ова не сакам да нападнам ниту еден од повиканите играчи, но не можам да го прифатам игнорирањето кон мене кое се прави во континуитет. Затоа, внимателно анализирајќи ја ситуацијата која се повторува, и по консултација со професионалци од фудбалот, одлучив да не играм за Македонија, ако добијам во иднина покана, додека селекторот е господинот Игор Ангеловски“ – вели Музафер Ејупи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.