Ејупи со нов гол за Осијек обезбеди мегдан со ПСВ… (видео)

Музафер Ејупи продолжува со одличните натпревари во дресот на Осијек, постигнувајќи нов гол со кој хрватскиот прволигаш го елиминираше швајцарски Луцерн и обезбеди мегдан во 3. квалификациското коло од Лигата на Европа против холандскиот ПСВ Ајндховен.

По погодокот на домашен терен пред една недела во победата од 2-0 против Луцерн, Ејупи стрелаше и на гостувањето во Швајцарија на дуелот на кој Осијек загуби со 2-1.

Откако домашните поведоа со 2-0 и се навестуваа продолженија, Ејупи постигна гол во 72. минута кој значеше и пласман на Осијек во следната рунда натпревари.

Goal Ejupi M. (2:1) Luzern vs NK Osijek by ylberenexhipi

Во 3. квалификациско коло се пласираа и македонските репрезентативци Иван Тричковски и Даниел Мојсов со кипарската АЕК Ларнака која го елиминираше ирскиот Корк сити. АЕК Ларнака и на вториот дуел, сега пред своите навивачи, славеше со идентични 1-0. Тричковски и Мојсов го одиграа целиот натпревар за Кипраните.

Сега, Тричковски и Мојсов ќе го „одмаздуваат“ Работнички во 3. коло на мегдан против Динамо Минск кој ги елиминираше „романтичарите“.

Се вчитува...