Ејупи стрелец за Осијек, Алтипармаковски и Судува одат понатаму во ЛЕ

Македонскиот фудбалски интернационалец Музафер Ејупи беше стрелец на погодок за својот тим Осијек во вечерашниот триумф над Санта Колома (4-0) во рамките на квалификациите за Лигата на Европа. Хрватскиот тим уверливо се пласира во следното коло, а Ејупи погоди во осмата минута, кога со одличен удар со глава успеа да го совлада противничкиот голман.

Успех забележа и Судува, литванскиот тим каде настапува Марјан Алтипармаковски. Судува со гол во судиското продолжение стигна до триумф од 2-1, што беше доволно за пласман понатаму, откако првиот меч заврши без голови. Алтипармаковски влезе во игра во 55.минута на овој меч.

Се вчитува...