Екстра-мотивација: Премии од 250.000 евра за да се мине Фенербахче - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Останато
29/04/2017 23:48
Тенис
29/04/2017 17:08
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02

Екстра-мотивација: Премии од 250.000 евра за да се мине Фенербахче

Екстра-мотивација: Премии од 250.000 евра за да се мине Фенербахче

Нокаут фазата од Евролигата и официјално ќе стартува денеска, а газдата на Панатинаикос знае како да ги мотивира своите кошаркари пред пресметките со европскиот вицешампион Фенербахче. Грчките медиуми информираат дека првиот човек на ПАО, Димитрис Јанакопулос го посетил вчерашниот тренинг на својата екипа, ветувајќи им богати премии на своите кошаркари доколку стигнат до Ф4 турнирот во Истанбул.

Јанакопулос сака по пет години пауза повторно да го види ПАО на еден фајналфор турнир. Затоа и се реши за богати премии во висина од 250.000 евра доколку кошаркарите на Панатинаикос успеат да го елиминираат Фенербахче“ – јавува грчкиот весник „Газета“.

Првиот меч од четвртфиналната серија меѓу Панатинаикос и Фенербахче се игра во Атина вечерва со почеток во 20 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.