„Ел Команданте“ за „Ел Бомбардеро“ - Енис Барди: Македонија ќе биде уште посилна - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

„Ел Команданте“ за „Ел Бомбардеро“ – Енис Барди: Македонија ќе биде уште посилна

„Ел Команданте“ за „Ел Бомбардеро“ – Енис Барди: Македонија ќе биде уште посилна

Енис Барди е најдобриот репрезент на македонскиот фудбал во странство. Еден од адутите на нашата млада репрезентација до 21 година на ЕП во Полска, стана стандарден член на А-тимот, но и направи трансфер од Ујпешт во Леванте. А во Ла Лига, „Ел Бомбардеро“ ги тероризира голманите од слободни удари.

Наградата му ја предаде „Ел Команданте“, шпанскиот стратег Раул Гонзалес, тренерот на РК Вардар и македонски селектор.

IMG_1589

„Има многу луѓе на кои сакам да им се заблагодарам за оваа награда. Прво на Господ што сум тука заедно со вас, потоа на моето семејство, на многу кои ми имаат помогнато, но и биле дел од репрезентацијата, пред се на селекцијата до 21 година со која учествуваме на ЕП, но и на А-репрезентацијата, сите мои соиграчи, тренерите, селекторот Благоја Милевски, раководството на Фудбалската федерација. Верувам дека во иднина Македонија ќе биде уште посилна“, изјави Енис Барди.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.