Елиф Елмас доби роденденско изненадување од соиграчите во Фенербахче (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби роденденско изненадување од соиграчите од првиот тим на Фенербахче.

Елмас полнолеството, по наполнувањето 18 години, го прослави и во соблекувалната на Фенер заедно со ѕвездите на турскиот гигант кои го изненадија македонскиот фудбалер со торта и 18 свеќички.

elmas rodenden

elmas rodenden 3

Елмас, по долго чекање конечно доби дозвола за регистрација од страна на ФИФА, но поради завршениот трансфер период во Турција за настап во првиот тим на Фенербахче ќе мора да чека до јануари 2018 година. До тогаш има право за настап во младинскиот тим на турскиот прволигаш.

Се вчитува...