Елиф Елмас регистриран за Фенербахче!

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Елиф Елмас конечно ќе може да биде регистриран за турскиот гигант Фенербахче откако и официјално од ФИФА е прифатена апликацијата за негов трансфер во Турција.

Како што на официјалната своја страница информира Фенербахче, денеска од ФИФА е пристигната официјалната потврда за прифаќањето на апликацијата за Елиф Елмас кој сега наполни неопходни 18 години за регистрација на трансфер.

Elmas print

Според тврдењата на турските медиуми Елиф Елмас ќе може да настапува за Фенербахче веќе и оваа година.

Се вчитува...