Елмас дебитира за Македонија со 17 години… (ФОТО + ВИДЕО)

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Елиф Елмас дебитира за Македонија со само 17 години, и тоа на дуел против европскиот гигант Шпанија.

Елмас влезе во игра на стартот од второто полувреме на дуелот со Шпанците во 6. коло од квалификациите за СП 2018, на местото на Остоја Стјепановиќ.

IMG_2668

Фудбалерот на Работнички, роден на 27. септември 1999 година, треба да биде еден од клучните играчи на новата генерација млади репрезентативци кои ги стартуваат квалификациите за ЕП од септември…

Се вчитува...