Елмас оди на позајмица во Генчлербирлиги?

Најдобриот млад фудбалер во Македонија, Елиф Елмас, би можел да замине на позајмица во Генчлербирлиги во пролетниот дел од сезоната, за да добие можност за поголема минутажа по неговиот трансфер во турскиот гигант Фенербахче. Тој во летниот преоден рок се пресели во Фенербахче, но поради тоа што се уште беше малолетен, не беше навреме лиценциран за настап.

Елмас во јануари и дефинитивно ќе добие право на настап, но турските медиуми најавуваат дека веднаш би можел да замине на шестмесечна позајмица во Генчлербирлиги. Се работи за тимот кој во моментот се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во елитната турска лига со 12 освоени бода по 15 одиграни кола.

elmas za genclerbirligi

Се вчитува...