Елмас првпат стартер за Фенербахче, асистираше за првиот гол (ВИДЕО)

Македонскиот суперталент Елиф Елмас за првпат истрча како стартер во составот на Фенербахче на денешниот меч од Купот на Турција против домашниот тим на Гиресунспор и тоа го зачини со асистенција за првиот погодок на својот тим. Тој во 26.минута, по една воиграна акција од корнер, со глава ја префрли топката на вториот дирек, а Мехмет Топал ја затресе мрежата на противникот.

Елмас настапи во првото полувреме, а на негово место во игра потоа влезе Метју Валбуена. На крајот Фенербахче славеше со 1-2, а вториот погодок го постигна Фернандао од пенал во судиското продолжение од мечот.

Се вчитува...