Елмас: Следниот циклус – одиме на ЕП!

Тој е момче за сите селекции. Но, според талентот и фудбалското умеење, дефинитивно заслужува да биде во А-тимот, и тоа еден од носителите на играта. Пред него е светла иднина, а со негови добри игри и Македонија може да се надева на настап на едно големо натпреварување. Елиф Елмас, македонскиот мегаталент кој потпиша за турскиот гигант Фенербахче, вели дека Македонија во следниот квалификациски циклус може да се избори и за пласман на Европско првенство.

IMG_6918

„Најмлад сум, но ќе ја преземам таа одговорност и ќе кажам дека следниот квалификациски циклус можеме да се пласираме на големо натпреварување. Мислам дека сме зрели, и со квалитет, и со одлична атмосфера во националниот тим, за во следниот циклус да се бориме за пласман на Европско првенство. Последните добри резултати во овој циклус за СП покажуваат дека растеме како селекција и дека можеме многу повеќе од моментниот пласман. Што се однесува до вечерашниот меч, благодарен сум што добив шанса од селекторот и се трудев да го дадам мојот максимален придонес. Ме радува фактот што победивме убедливо и прикажавме игра која може да ја радува цела Македонија“, изјави Елиф Елмас.

Се вчитува...