Ем пораз, ем повреда: Наполи го загуби и Инсиње

Италијанскиот калчолигаш Наполи доживеа пораз (2-1) на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити, но загуби и еден од своите најдобри фудбалери, Лоренцо Инсиње, кој заработи повреда. Тој доживеа повреда на мускулот и сигурно дека ќе отсуствува одреден период од фудбалските терени. Тренерот Маурицио Сари беше приморан да го замени во 56.минута и на негово место во игра го внесе Алан.

Повредата на Инсиње доаѓа во непријатен момент, ако се знае дека „наполитанците“ в сабота ги очекува дерби натпревар од Серија А против Интер. По првите осум кола, Наполи има максимален ефект од 24 бода, додека Интер е второпласиран на табелата со само два бода помалку.

Се вчитува...