Емери: Мораме да бидеме внимателни во реваншот на „Камп Ноу“

Пари Сен Жермен одигра фантастичен натпревар на „Паркот на принцовите“ и ја совлада Барселона со 4-0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, но тренерот Унаи Емери сепак е премногу внимателен и за реваншот на „Камп Ноу“. Предноста што ја остварија „светците“ е голема, ама сепак има уште 90 минути од дуелот кои ќе се одиграат во Барселона.

„Победата остави многу убав вкус на нашите усни, но мораме да бидеме внимателни, затоа што има уште 90 минути на „Камп Ноу“. Барселона сигурно нема да се предаде и ќе сака да возврати со полна мера. Знам дека нашите фудбалери ќе бидат исто така максимално мотивирани, а многу е важно да се обидеме да одиграме на идентичен начин“, изјави Унаи Емери.

Реваншот меѓу Барселона и ПСЖ ќе се одигра на 8.март на „Камп Ноу“.

Се вчитува...