Емери: Сега сме позрели, нема да ни се повтори „Камп ноу“ и во Мадрид

Шефот на стручниот штаб на ПСЖ, Унаи Емери, е убеден дека неговиот тим ќе одговори на предизвикот на вечерашниот мега-дуел од Лигата на шампионите, против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Последното гостување на „светците“ во Шпанија донесе и катастрофален пораз од 6-1 од Барселона и елиминација во ланското издание од ЛШ, Емери тогаш се наоѓаше на работ на отказ, но „преживеа“, па сега шпанскиот стручњак е убеден дека грешките од тој меч на „Камп ноу“ нема да се повторат.

„Ќе играме против европскиот шампион, најтрофејниот клуб во Европа, ова ни е идеална можност да покажеме дека сме напредувале во однос на лани. Едно е сигурно, сега сме позрели и нема да дозволиме да ни се повтори она што се случи лани на „Камп ноу“. Подготвени сме за она што не очекува, Роналдо, Бејл и Бензема се ударното трио на Реал, но ние ќе внимаваме на сите бидејќи Реал има единаесет одлични фудбалери, не само тројца“ – изјави Унаи Емери.

Се вчитува...