Емоционално исполнет – Борко Ристовски (видео)

Борко Ристовски го одигра еден од своите најдобри натпревари во репрезентативниот дрес, бранејќи бројни зицери на чешките ракометари.

Не е тајна дека Ристовски е дополнително мотивиран по неправедното бришење од страна на поранешниот селектор Лино Червар, а неговите добри настапи под водство на Раул Гонзалес се јасна порака до Хрватот дека Борко е далеку од „емоционално испразнет“ – како што беше опишан.

Напротив, по ваква феноменална партија како против Чешка, може само да биде емоционално исполнет – за инает на критичарите и сите оние кои не веруваат во него.

Се вчитува...