Енди Мареј се откажа од Мајами

Претстојниот Мастерс-турнир во Мајами ќе биде значително ослабен откако првиот светски рекет, Енди Мареј, обелодени дека поради повреда на лакотот нема да може да настапи на ова натпреварување.„За жал, поради повреда на лакотот на десната рака нема да можам да играм во Мајами. Искрено жалам и им се извинувам на моите фанови, турнирот во Мајами ми е еден од омилените“ – порача Мареј.По се изгледа турнирот во Мајами ќе го пропушти и Новак Ѓоковиќ, па во една таква ситуација прв носител ќе биде Стен Вавринка, пред Кеи Нишикори.

Се вчитува...