Енди Мареј: Шарапова не заслужува вајлд карти

Првиот светски рекет, Енди Мареј, истакнува дека е против давањето специјални покани на тенисерите и тенисерките за кои е откриено дека употребувале допинг. Британецот јавно го изрази и својот став дека не се согласува со тоа на Марија Шарапова која една година беше суспендирана поради допинг, сега да и се дваат вајлд-карти за одредени турнири.

„Мислам дека треба вистински да работите за да се вратите на терен. Сепак, повеќето турнири ќе направат се што мислат дека е најдобро за тој настан. Ако мислат дека големите имиња ќе привлечат повеќе гледачи, тогаш ќе ги повикаат“ – изјави Мареј.

Поранешната најдобра тенисерка во светот ќе се врати на турнирот во Шангај, кој ќе почне пред истекот на нејзината суспензија. Мареј не се согласува со ваквиот потег на организаторите кои на Шарапова и дадоа специјална покана заради медиумското внимание што го привлекува руската тенисерка и истакнува дека чека да види како ќе реагираат организаторите на Вимблдон кој важи за најконзервативен во светот на тенисот.

„Шарапова ќе има можност да го поправи својот пласман дотогаш, но ако не успее, одлуката ќе биде на организаторите на Вимблдон и тоа ќе биде показател како тие ќе одиграат си „картите што ги имаат“. Сигурен сум дека добро ќе размислат пред да донесат одлука“ – вели водечкиот тенисер во светот.

Одлуката за тоа дали Шарапова ќе настапи на Вимблдон треба да биде донесена на 22 мај.

Мареј и претходно ја критикуваше руската тенисерка кога беше објавено дека таа била позитивна на допинг тестот.

„Не е мое да одредувам казни, но ако некој употребува супстанци кои се забранети, а кои му даваат предност и ако падне на допинг тест, мора да биде суспендиран“ – истакна тогаш Енди Мареј.

Се вчитува...