Енди Шмид: Вардар е тим од светска класа

Саботниот дуел со Вардар на „жешкиот терен“ во Скопје ќе биде едно од најтрешките гостувања за Рајн Некар Левен во Лигата на шампионите, посочува капитенот на германскиот шампион, Енди Шмид. Во интервјуто за офијалниот сајт на ЕХФ, Шмид го истакнува квалитетот на Вардар и подготвеноста на Рајн Некар Левен да одговори на предизвикот во  „Јане Сандански“, каде в сабота го играат осмиот од деветте гостински натпревари во серија во сите натпреварувања.

Ние веќе имаме искуство од оваа атмосфера неколку пати и знаеме дека не очекува една од најинтензивните атмосфери во Европа. Тимот на Вардар едноставно е светска класа. Тие се шампиони на Европа, што може да се каже повеќе за нивниот квалитет? Не очекува едно од најтешките гостувања во ова натпреварување“ – вели Енди Шмид во интервјуто за сајтот на ЕХФ.

Швајцарскиот репрезентативец кој е главната движечка сила во тимот на Николај Јакобсен, се надева дека Рајн Некар Левен и сезонава ќе освои бод или два на гостувањето во Скопје.

Кај нас секогаш мотивацијата е на исто ниво. Ние секогаш сакаме да победиме и се надеваме дека ќе имаме шанса да се избориме за бод или два во Скопје“ – истакнува капитенот на Рајн Некар Левен.

Иако голем дел од успехот на германскиот шампион во изминативе неколку сеозни е токму „со потписот“ на Енди Шмид, тој сепак, потенцира дека силата на „лавовите“ од Манхајм е во тимската игра и во умешноста на тренерот Јакобсен да ги склопи коцките.

Понекогаш мојата работа е да ја направам разлијката, но тоа е нормално кога си плејмејкер во тимот. Ние имаме пет, шест, седум, осум играчи кои можат да направат разлика, па затоа јас не ја преценувам мојата улога“ – вели Шмид.

Се вчитува...