Енис Барди го „стопли срцето“ на малиот Ука! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди уште еднаш изминативе денови ја покажа и човечноста која ја носи во себе, покрај неспорните фудбалски квалитети.

Малиот Ука од Скопје, кој своите детски години ги минува и низ тешка битка со леукемијата, е голем фан на Енис Барди. Момче кое се воодушевува на фудбалските мајстории на македонскиот репрезентативец во дресот на шпанскиот Леванте. Па, токму поради Барди, Ука стана е голем навивач на Леванте.

Дознавајќи го сето тоа, Барди со помош и на клупските структури од Леванте покрена мала хумана акција за поддршка на Ука, притоа испраќајќи и дрес од шпанскиот прволигаш носејќи радост за малиот скопјанец во желбат барем за момент да заборави на битката против тешката болест.

„Поддршка за малиот Ука. Господ да те чува“ – напиша Барди и на својот Твитер профил, јавно искажувајќи поддршка за момчето од Скопје.

Се вчитува...