Енис Барди во бележникот на скаутите на ПСЖ и на Интер

Македонскиот фудбалски интернационалец Енис Барди игра одлична прва сезона во Ла Лига во дресот на Леванте, а веќе стигна да биде забележан и во нотесот на скаутите на европските гиганти Пари Сен Жермен и Интер. Ова вест ја лиферува спортскиот весник од Валенсија, „Супер Депорте“, кој истакнува дека скаути на четири европски клуба го следеле мечот меѓу Леванте и Хетафе (1-1) изминатиов викенд, а Енис Барди и колумбискиот интернационалец Џеферсон Лерма биле сфера на интерес, откако биле најзабележливи на теренот.

bardi tekst super deporte

Покрај претставници на ПСЖ и на Интер, на стадионот на Леванте присуствувале и скаути на англискиот Сандерленд, како и на белгискиот клуб Андерлехт. Енис Барди влезе во игра на почетокот на второто полувреме на овој натпревар, а според извештаите на „Супер Депорте“, бил еден од најдобрите поединци на теренот.

Се вчитува...