Ентони Дејвис царуваше во Њујорк - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Коментари
22/01/2017 13:11
Ракомет
22/01/2017 11:39
Ракомет
21/01/2017 19:09
Ракомет
21/01/2017 17:47

Ентони Дејвис царуваше во Њујорк

Ентони Дејвис царуваше во Њујорк

Екипата на Њујорк никс се повеќе го губи чекорот во трката за место кое води во плејофот откако никси претрпеа нов пораз на домашен терен, овојпат од Њу Орлеанс со убедливи 96-110. Клуч на овој натпревар беше неспособноста на домашните кошаркари да го запрат Ентони Дејвис, откако најдобриот гостински кошаркар целосно доминираше под двата коша и му ја донесе победата на својот тим. Дејвис го заврши натпреварот со 40 поени и 18 скокови, и тоа за 28 минути на теренот, со што стана првиот играч во историјата што стигнал до 40 поени и над 15 скока за помалк од 30 минути игра на еден меч.

Дерик Роуз не настапи за Њујорк на оваа средба, по што се погласни се шпекулациите дека суперѕездата ќе биде продадена во следните денови. Најефикасни во редовите на домаќините беа Џенингс со 20 и Кармело Ентони со 18 поени, а целосно потфрли Порзингис, кој реализираше девет поени со шут од поле 3/13.

Оклахома сити стигна до значајна победа на гостински терен против Чикаго (94-109). Гостите по три четвртини поведоа со 22 поени, што му овозможи на тренерот потоа да ги повлече своите најдобри кошаркари од игра. Расел Вестбрук одигра 33 минути, при што му недостигаше само еден скок за нов трипл-дабл (21 поен, 14 асистенции и 9 скокови), па извонредниот плејмејкер не беше ниту најдобар стрелец во својот тим, Стивен Адамс постигна 22 поени на ова гостување.

Резултати НБА:

Њујорк – Њу Орлеанс 96-110, Чикаго – Оклахома сити 94-109, Минесота – Далас 101-92.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.