Ентрериос: Сега сме на ’седмо небо’, Шпанија играше тимски и затоа е најдобра на ЕП

Шпанија го доби големото финале на Европското првенство во Хрватска откако во второто полувреме ја декласира Шведска и на крајот славеше со 29-23. „Црвената фурија“ благодарејќи ја изворедниот голман Арпад Штербик, но и цврстата и хомогена одбрана, успеа да стигне до посакуваното европско злато, кое недостигаше во богатата колекција на оваа ракометна велесила.

Капитенот Раул Ентрериос изјави дека тимскиот дух во селекцијата бил најважен за големиот триумф во Хрватска.

„Заслуживме да се радуваме. Сега сме на ’седмо небо’, но вложивме многу напор за да ја оствариме целта. Се подготвувавме напорно, бевме фокусирани до самиот крај на првенството, не потклекнавме и кога не игравме најдобро и стигнавме до големото финале. Имавме и негатива на полувремето, но се договоривме да излеземе на теренот и да го покажеме најдоброто од себе. Иако имавме играчи кои беа брилијантни, мислам дека токму нашиот одличен тимски дух беше најважниот елемент за да стигнеме до големиот успех“, изјави Раул Ентрериос.

Се вчитува...