ЕП 2018: Македонија ги избегнува Данска, Шведска и Белорусија

Македонија ќе се најде во вториот шешир при петочното извлекување на групите за Европското Првенство во Хрватска што ќе се одржи во Загреб. Освоеното прво место во нашата квалификациска група ги стави „црвено-жолтите“ во привилегирана состојба, па нашите ракометари ќе се најдат во вториот шешир и би требало да добијат нешто полесна група од вообичаено на континенталните собири.Носители се домаќинот Хрватска, потоа светскиот првак Франција, европскиот шампион Германија, како и селекцијата на Шпанија. Селекции кои ги избегнуваме во групата бидејќи се со нас во вториот шешир се Данска, Шведска и Белорусија.Противник што сигурно ќе сакаме да го избегнеме од третиот шешир е светскиот вицешампион Норвешка, додека во четвртиот шешир најопасна за нас е Словенија предводена од Веселин Вујовиќ, од која претрпевме убедлив пораз на мундијалот во Франција.Ждребот е полудиригиран, па се знае дека Хрватска ќе биде носител во групата А во Сплит, Норвешка ќе игра во групата Б во Пореч, Словенија ќе биде дел од групата Ц во Загреб, додека Унгарија ќе се најде во групата Д во Вараждин.  ШЕШИР 1: Германија, Шпанија, Хрватска, ФранцијаШЕШИР 2: Данска, Шведска, Белорусија, МАКЕДОНИЈА.ШЕШИР 3: Норвешка, Србија, Црна Гора, Чешка.ШЕШИР 4: Унгарија, Словенија, Австрија, Исланд. 

Се вчитува...