Александар Тодоров го реши проблемот околу плејмејкерската позиција во МЗТ Скопје потпишувајќи договор со Американецот Ерик Гарсија. Станува збор за плејмејкер кој досега настапуваше за Универзитетот Вофорд во НЦАА-лигата, за денеска и официјално да го стави потписот на договорот со актуелниот првак на Македонија.
Ерик Гарсија (22 год., 183 см.) ќе ја има улогата на организатор на играта на сино-белите во следната сезона. За Американецот ова ќе биде прво искуство во европската кошарка по четиригодишен настап за Вотфорд за кој одигра 128 натпревари од кои на дури 119 беше во улога на стартер. Во НЦАА-кариерата имаше просек од 9,8 поени, 4,2 асистенции и 2,3 скока, а убедливи беше најдобар во последната година на универзитетот кога на 33 средби просечно реализираше 14 поени, 6,8 асистенции и 2,8 скока.
Претходно, во таборот на аеродромци дојдоа Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ како и младите и талентирани Михајло Митев и Ранко Мамузиќ додека договорна обврска од минатата сезона имаат Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Ксавиер Темс. Во завршна фаза се и преговорите за ангажман на младинскиот репрезентативец Маслинко, додека далеку од трансфер во МЗТ е Стојан Ѓуроски, со кого разговорите не вродија со плод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА