ЕРУПЦИЈА: Супер Балотели – Вардар води со Копенхаген

Вардар игра фантастично и заслужено води на натпреварот против Копенхаген, во третото квалификациско коло за влез во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ подобрата игра од гостинот од Данска ја крунисаа кон средината на второто полувреме, кога Балотели со прекрасен волеј удар го матираше гостинскиот голман.

Данските дефанзивци не се снајдоа најдобро, па топката од еден од нив се одби назад во шеснаесетникот кон Балотели, а вардаровиот Бразилец со извонреден удар ја смести под гредата, за заслужено водство од 1-0.

Се вчитува...