Есен во знакот на бројот 10 за добивки на НовоЛото 7/34

На 24-ти октомври во 87-мото коло НовоЛото 7/34, ја добивме 18-тата 7-ка на Архитектот Ѓорѓи Лазовски, кој пополнил 10 комбинации од кои една му донесе 6.000.000,00 денари. На 15-ти ноември во 91-во коло, пензионерка од Битола со 10 уплатени комбинации постигна 6+1 и доби близу 500.000,00 денари. Во саботното извлекување  на 18-ти ноември, во 92-ро коло, играч од Скопје со 10 уплатени комбинации ја постигна 19-тата 7-ка. Дали бројот 10 е добитен број кој посигурно ве носи до добивка?

Нашите најнови добитници низ свои приказни потврдуваат дека играта им е комплетна кога им се пополнети сите 10 комбинации за повеќе шанси за добивка. Цената на комбинацијата од 20 денари, е најниска во регионот. Низ разговорите со наши редовни лото играчи дознавме дека покрај искусните кои играат системска игра,  најголем број од редовните играчи месечно планираат редовен фонд за учество во секое коло за основната игра и за дополнителната игра Џокер.

Ова е пример и со нашата најнова добитничка на 6+1, таа е пензионерка од Битола која на среќното место Димпо Дооел  уплатила 10 кобинации еден џокер број. Со учество од 220 денари таа освои близу 500.000 денари во претходното 91-во коло чие извлекување беше на 15-ти ноември. Нашата доботничка не се фотографираше и замоли да не го објавуваме нејзиното име, но таа е горда прабаба која при прошетка со двете правнучиња по Широк Сокак, редовно два пати неделно, учествува во играта, со броеви кои и ги кажувааат нејзините најмили. Токму дел од тие броеви, напишани во една од 10те колони и донесоа добивка вредна 496.456,00.

Приказната за бројот 10 ја потврдува и нашиот најнов добитник на 7-ка кој уплатил 10 колони на среќното место М1 на плоштад Македонија во Скопје. Една од 10те колини ги содржи извлечените броеви во саботното 92-ро коло. Со него, или со неа, допрва очекуваме да се запознаеме, надевајќи се дека како и претходните двајца добитници на 7-ка ќе ја сподели својата среќна приказна пред јавноста.

Веруваме дека есента во знакот на бројот 10 уште ќе не изненадува, важно е да веруваме и учествуваме.

Празниците се на прагот, размислувајќи за подарок за свои блиски, посетете ги среќните места на Државна лотарија на Македонија и подарете можност за добивка – со 10-ка  до 7-ка.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈАЗА ДОБРО !Комерцијален текст

Се вчитува...