Еурофарм Работник без проблеми со Металург 2

Еурофарм Работник стигна до лесна и убедлива победа од 24-33 (13-14) на гостувањето во Скопје против Металург 2 во 15. коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Младите ракометари на Металург беа подобри само во воведните 20 минути на мечот кога одржуваа постојано предност во однос на гостите. Но, потоа гостинските ракометари заиграа далеку поцврсто во одбраната што резултираше со предност уште на полувремето (13-14).

Второто полувреме комплетно им припадна на гостите. Домашните не успеаја да парираат, на крајот приморани да се согласат на пораз од убедливи девет гола разлика (24-33).

По овој триумф Еурофарм Работник има 31 бод, доволни за третата позиција на табелата, веднаш зад водечките Пелистер и Охрид кои имаат по 34 бода. Металург 2 остана на осмата позиција со 18 бода.

Се вчитува...