Еурофарм Работник лесно славеше во Велес, Пролет со победа над Охрид обезбеди плеј-оф

По зимската пауза и суперлигашите се вратија на своите активности во најсилната домашна ракометна лига.

Ракометарите на Еурофарм Работник очекувано лесно славеа на гостувањето против Борец во Велес со 21-27 (7-16), рутински одработувајќи ја задачата до триумфот.

Најефикасни во победата кај гостите беа Пецаковски со 8 гола, Гоце Ојлески дополни со 6 погодоци, а Игор Трајковски мечот го заврши со 4 гола. Кај домашните се издвои Лазаревски со 7 постигнати гола.

Пролет, пак, дојде до победа против Охрид со 23-16 (10-4), предводен од Ласко Андоновски со 8 гола и Александар Василевски со 4 погодоци. Кај охриѓани капитенот Крсте Андоновски заврши со четири погодоци.

Пролет, кој е на третата позиција на табелата. по овој триумф и дефинитивно си го обезбеди местото во годинашниот плеј-офот. За Охрид, пак, ќе биде неопходен уште еден бод за дефинитивно да осигура плеј-оф.

Се вчитува...