Еурофарм Работник очекувано поуспешен од Работнички

Ракометарите на Еурофарм Работник славеа против последнопласираниот Работнички со 31-26, во првиот натпревар од последното 18.коло во машката Супер лига. Со новите три бода, битолскиот тим се изедначи на врвот со Охрид и со Пелистер кои исто така имаат по 40 боода, но со натпревар помалку.

Еурофарм уште на стартот поведе со 8-3 и со сигурна игра до крај ја задржа позитивата. На полувремето домаќините имаа водство од 17-11. Во продолжението падна малку темпото во играта на Еурофарм Работник, па Работнички успеа да ја намали негативата, но победата во ниеден момент не беше загрозена.

Во другите натпревари од 18.коло во Супер лигата, утре од  играат Пелистер – Вардар јуниор и Пролет – ГРК Борец. Во сабота се натпреварите Радовиш – Охрид и Прилеп – Металург 2.

Во плеј-офот ќе разигруваат првите четири екипи од регуларниот дел –Охрид, Пелистер, Еурофарм Работник и ГРК Борец на кои им се приклучуваат Вардар и Металург.

Се вчитува...