Еурофарм Работник поразен во Берген – едно полувреме премалку за подвиг во Европа

Еурофарм Работник загуби од норвешкиот Филинген Берген и на реваншот во гости (36-28 ) и го заврши настапот во осминафиналето во Члинџ купот. За битолскиот тим ова е деби сезона на европска сцена, во која успеаја да ја мкинат првата пречка елиминирајќи го во претходното коло литванскиот Гранитас Каунас. Но, во осминафиналниот дуел со Филинген сепак, не успеаја да направат подвиг иако пружија достоен отпор.

На реваншот во Берген, Еурофарм Работник влезе со три гола негатива од првиот меч во Битола (22-25), но, избраниците на тренерот Илија Темелковски стартуваа мотивирано и речиси во текот на целото прво полувреме диктираа темпо. Предводени од репрезентативците Гоце Ојлески и Горан Крстески,  во 26.минута, битолчани во 26.минута имаа водство од 10-14 и активен резултат за четвртфинале. Домаќините сепак во финишот на првиот дел успеаја да ја намалат негативата на само еден гол (15-16).

Надежите на Еурофарм Работник за голем подвиг во Норвешка, почнаа полека да тонат со на стартот на вториот дел. Филинген брзо дојде до изедначување на 17-17, а за неполни пет минути и до комплетен пресврт и водство од 21-18. Како што одминуваше натпреварот, така се зголемуваше и бројот на технички грешки кај македонскиот тим, а Норвежените тоа знаеја ефикасно да го казнат и да ја зголемат предноста. Во 40.минута, Филинген стигна на +6 (25-19) и практично веќе го осигура пласманот во четвртфиналето на Челинџ купот. Иако ракометарите на Еурофарм Работник до крајот се обидуваа да го ублажат поразот, сепак немаа сили да држат чекор со норевшкиот противник и на крај запишаа втор пораз за крај на дебитантскиот настап на еврпска сцена.

Натпреварот во Берген во одлично издание го одигра македонскиот репрезентативец, Горан Крстески со седум погодоци од исто толку обиди. Шест гола за Еурофарм Работник постигна Гоце Ојлески, пет Елмир Граѓан, а четири гола запиша Златко Мојсоски. Во составот на Филинген Берген најефикасни беа Марио Матиќ со осум и Рене Ибен Хвидстен со седум погодоци.

Се вчитува...