Еурофарм Работник повторно подобар од Пелистер во битолското дерби!

Ракометарите на Еурофарм Работник стигнаа до првата победа во плеј-оф разигрувањето за титулата во Суперлигата на Македонија славејќи со 22-15 (10-9) во битолското дерби против Пелистер.

Во дуелот меѓу двете екипи кои се чини ќе бијат битка за третата позиција во шампионатот, Еурофарм Работник повторно го добива дуелот со Пелистер по онаа претходна победа во првиот дел од првенството.

По израмнетиот прв дел, одличната игра на Еурофарм во вториот дел пред се во одбраната беше причината за конечната победа. „Пелистерци“ во второто полувреме постигнаа само шест гола без никакви шанси за упорно парирање.

Се вчитува...