Еурофарм Работник го доведе Михајло Петровски

Еурофарм Работник го донесе првото засилување во новата 2018 година, откако денес потпиша со некогашниот ракометар на Пелистер, Михајло Петровски. Десниот бек се враќа од Унгарија во македонската Суперлига и ќе претставува големо засилување за екипата на Илија Темелковски.

34-годишниот Петровски  покрај за битолскиот суперлигаш, го носеше дресот и на Вардар, Констанца, настапуваше и за Архус од Данска, кратко во Франција и Балатонфуреди и Дабас во Унгарија.

Доведувањето на Петровски е замена за Мајнов, кој си замина во првиот дел од сезоната, а ќе биде пријавен и за четвртфиналето на Челинџ Купот против Берген од Норвешка.

Се вчитува...