Еуромилк си се прошета во Кичево: Убедлива победа против Зајази

Еуромилк ГЛ запиша лесна победа од 0-3 на гостувањето против Зајази во Кичево во заостанатиот натпревар од 15. коло во Втората лига – Запад.

Гостите по само 20 минути игра веќе си ја осигураа победата, поведувајќи со 0-2 со головите на Иван Галевски во 16. минута и на Валентино Рафевски во 19. минута од средбата. Третиот гол беше дело на Никола Ѓурчиновски во 69. минута.

По оваа победа Еуромилк ГЛ се проби на 5. место на табелата со 24 бода, додека Зајази остана на претпоследната позиција со 12 бода.

Се вчитува...