Еве како треба: Лудогорец направи нова база…со 9 терени, стадион, хотели, академија…за 15 милиони евра

Ако не знаеш како, погледни кај соседите. Бугарскиот првак Лудогорец ја промовираше својата нова база, во која се вложени повеќе од 15 милиони евра, а која ги нуди сите услови за напредок и одлична подготовка на сениорскиот тим, но и младинската школа на клубот.

Како што објавија бугарските медиуми, новата база на Лудогорец содржи 9 фудбалски терени, од кои 7 со природна и 2 со вештачка трева, а сите имаат рефлектори, стадион со 2.000 седишта, хотел, тениски игралишта, посебен полигон за тренирање на голманите, нова зграда со соблекувални, втор комплекс со легла за фудбалерите од младинската школа, како и сали и кабинети за младите фудбалери и тренери од академијата на клубот. Токму затоа и клубот бележи успеси и стигна до групната фаза од Лигата на шампионите.

Кај нас, во многу помало издание, ваков комплекс има само ФК Вардар…

Се вчитува...