Евертон лесно, Бурнемаут утна два пенали и пак победи

Евертон оствари лесна победа на домашен терен против Вест Бромвич Албион (3-0), прекинувајќи ја низата од два последователни порази. Миралјас во 39.минута го отвори резултатот, Шнидерлин зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Ромелу Лукаку.

Бурнемаут стигна до триумф од 3-2, иако не успеа да реализира два пенали во првото полувреме. Кинг и Афобе не знаеја да погодат од белата точка, но затоа Џошуа Кинг постигна хет – трик за домашниот тим.

Хал сити со 2-1 го совлада Свонси пред своите гледачи.

Се вчитува...