ЕВН ќе му помогне на Венцислав Симоновски за вклучување на електричната енергија

Сторијата за тешкиот начин на живот на Венцислав Симоновски, поранешниот фудбалер на Вардар и член на шампионската генерација од сезоната 1986/87, кој веќе четири години живее без електрична енергија допре и до „ЕВН“. Компанијата ќе излезе во пресрет и ќе помогне за олеснето плаќање на долгот, со тоа што веднаш ќе му биде вклучена електричната енергија.

„За случајот на Венцислав Симоновски дознавме од сторијата во медиумите и би сакале да помогнеме, да излеземе во пресрет. ЕВН може да помогне на начин за олеснето плаќање на долгот, со тоа што електричната енергија ќе биде вклучена веднаш, со само минимална уплата за санирање на долгот“, вели за ЕКИПА, портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

Фудбалската федерација на Македонија исто така сака да се вклучи и да помогне. Се разгледува можноста Венцислав Симоновски да биде вклучен како координатор во некоја од академиите на ФФМ. Ова треба барем малку да го подобри сега многу тешкиот живот на Симоновски.

Се вчитува...