Евра со кунг-фу удар истепа навивач, доби црвен картон уште пред мечот

Патрис Евра направи невиден инцидент пред почетокот на мечот меѓу Гимараеш и Олимпик Марсеј, откако францускиот ветеран се степа со еден од навивачите на неговиот тим. Евра веќе извесно време е критикуван за слабите игри, а откако групна француски фанови се спушти крај аут-линијата при загревањето, левиот бек ги загуби нервите и со кунг-фу удар со ногата удри еден навивач.

Страстите зовреа, судијата му покажа црвен картон на Евра уште пред натпреварот воопшто да започне, а допрва ќе следи и огромна казна од клубот.

Се вчитува...