Еврогол на Ериксен, Тотенхем го најде лекот за Кристал палас

Тотенхем нема намера предвреме да се предаде во битката за титулата, откако „спарси“ дојдоа до тешка победа од 0-1 на гостувањето против Кристал палас, одржувајќи ја негативата во однос на Челси на достижни четири бода. Вечерашниот ривал на „спарси“ во последните месец дена ги совлада Челси, Арсенал и Ливерпул, а Палас се покажа во одлично светло и на вечерашниот дуел, на кој тимот на Сем Алардајс несреќно остана без бодови.

Згора на тоа, во второто полувреме незгодна повреда на коленото заработи Сакхо, кој мораше да биде заменет, а моментот на одлука се случи во 78. минута, кога Ериксен со прекрасен удар од триесетина метри им донесе радост на гостинските навивачи на ова лондонско дерби.

„Спарси“ во следното коло ги очекува уште еден тежок предизвик, дерби на домашен терен против омразениот ривал Арсенал.

Се вчитува...