Еврогол на Мутињо, „кикс“ на Субашиќ – триумф на Монако

Монако продолжува со одлични игри чувајќи го врвот на табелата во францускиот шампионат откако „кнезовите“ вечерва славеа над Бордо, стигнувајќи до нови три бода во битката за титулата со ПСЖ.

Фудбалерите на Монако во првото полувреме се мачеа да го скршат отпорот на гостите, а клучен момент беше влегувањето во игра на Фалкао во вториот дел. Токму Колумбиецот му асистираше на Мбапе при првиот гол за „кнезовите“ на оваа средба, пред Мутињо со еврогол од дваесет метри да зголеми на 2-0.

Конечните 2-1 ги постави Ролан по катастрофалната грешка на голманот Субашиќ, но „кнезовите“ не дозволија овој пад на концентрацијата скапо да ги чини, рутински ги одработеа последните десетина минути и заслужено стигнаа до цел плен против секогаш незгодниот противник.

Kylian Mbappe Goal HD – AS Monaco 1-0 Bordeaux… by denysenathan

Joao Moutinho Goal HD – AS Monaco 2 – 0… by worldfoot

Diego Rolan Funny GOAL HD – Monaco 2-1 Bordeaux… by gashiylli223

Се вчитува...