Евролигата ја ублажи казната на претседателот на Панатинаикос

Најквалитетното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата, ја намали казната на првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос. Тој беше казнет со едногодишна забрана за влез во салите во кои се одржуваат натпревари од Евролигата, но по поднесената жалба, казната е намалена на пет месеци, односно ќе важи до крајот на тековната сезона.

Покрај ова, Јанакопулос ќе мора да плати и парична казна од 60.000 евра. Сопственикот на „детелинките“ го прекрши Правилникот на Евролигата со своите изјави, нарушувајќи го угледот на елитното кошаркарско клупско натпреварување.

Претходно првиот човек на ПАО најави дека е подготвен да го повлече својот тим настап во Евролигата наредната сезона, па останува да се види дали тој ќе го промени својот став по намалувањето на казната.

Се вчитува...