Европските ’фаци’, на Железарница се – слабаци! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар летна во облаци дека е во кремот на Европа, или пак Зенит го „тресна“ толку силно, што не можеше да се опорави за да одигра како што му доликува на шампион на „Железарница“. Домаќинот Скопје сосема заслужено освои бод играјќи 1-1 против македонскиот првак, покажувајќи дека со борбеност и големо залагање може да се сопре моќниот Вардар.

Денеска избраниците на Чедомир Јаневски одиграа како слабаци. Можеби мислеа дека лесно ќе го минат новиот прволигаш, можеби и премногу од силите потрошија на европскиот меч со Зенит, но јасно е дека Вардар полека влегува во резултатска криза.

[new_royalslider id=”775″]

Се вчитува...