Ф1 на „Интерлагос“ – Маса заминува, Гасли доаѓа

Трката за ГН на Бразил што ќе се вози утре на патеката „Интерлагос“ ќе биде последна на домашен терен за ветеранот Фелипе Маса, a прва за дебитантот Пјер Гасли. Минатата година во ноември Маса веќе се збогува со фановите во родниот Бразил, но околностите одново го вратија во болидот и тој извозе уште една сезона во тимот на Вилијамс.

„Никогаш нема да заборавам што се случи овде минатата година. Резултатот беше ужасен, но љубовта, публиката и тоа чувство што го почувствував тогаш беше неверојатно“ – изјави 36-годишниот Фелипе Маса.

Бразилецот зад себе има 271 трка во Формула 1, во кои има 11 победи и 50 подиуми, но во својата кариера нема ниедна шампионска титуила. Маса се надева дека утре ќе се искачи на подиумот во неговиот град, пред неговата публика, затоа што тоа дефинитивно ќе му биде последна можност во кариерата.

Трката во Бразил ќе биде посебна и 21-годишниот Пјер Гасли кој за прв пат ќе се појави на патеката „Интерлагос“ во тимот на Торо Росо.

„Ова е навистина историска патека. Мојата омилена трка од историјата на Формула 1 е победата на Сема овде во 1991 година, иако јас тогаш се уште не сум бил роден“ – открива младиот Французин.

Се вчитува...