Фабрегас: Не смееш само да се браниш против Барселона

Челси не успеа да го сочува водството против Барселона и мораше да се задоволи со 1-1 на „Стемфорд бриџ“ по првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Англискиот тим ќе мора да постигне гол и на „Камп Ноу“, доколку сака да се пласира во четвртфиналето.

Цеск Фабрегас вели дека е „самоубиство“ да се определиш само за одбрана против Меси и другарите.

„Навистина штета, одигравме квалитетно, а на крајот сепак не го остваривме резултатот што го посакувавме. Бевме компактни, игравме тимски, создадовме шанси, Вилијан постигна гол, а двапати ја погоди и стативата. Но, на крајот не смеевме да дозволиме да примиме погодок. Сепак, имаме реални шанси, ќе одиме на „Камп Ноу“ да одиграме во ист стил, да нападнеме и да се обидеме и ние да постигнеме гол на гости. Не смееш само да се браниш против Барселона, затоа што е тоа рамно на самоубиство“, изјави Фабрегас.

Се вчитува...