Фабрегас: Потребен му е одмор на Меси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Фабрегас: Потребен му е одмор на Меси

По повредата на најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси кој по 20 минути игра го напушти натпреварот со Бетис со совет се јави неговиот клупски колега Цеск Фабрегас кој го посоветува да одмори. Меси ќе мора да отсуствува подолг период од терените, но Фабрегас верува дека Аргентинецот ќе биде во топ-форма кога целосно ќе се одмори и ќе може одново да го дава својот максимум на теренот.

“Од мое искуство го советувам Меси да не брза и да одмори некое време бидејќи тоа му е потребно, инаку нема добро да заздрави. Тоа на своја кожа го почуствував и јас кога мислев дека сум подготвен, но не бев” изјави Фабрегас.

Загриженост заради повредата на Меси постои и кај селекторот на Аргентина, Алехандро Сабеља кој нема да смета на услугите на Меси за пријателските натпревари со Еквадор и со Босна и Херцеговина.

“Разговарав со Меси и ќе мора да го почекаме да заздрави од повредата. Не сум доволно информиран, но загрижен сум бидејќи се работи за обновување на старата повреда”, истакна Сабеља.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.