Фалкао донесе триумф за Монако

Монако успеа да ја задржи предноста од три бода во однос на ПСЖ на врвот на табелата во Франција, откако со тешка мака славеше триумф од 2-1 над Дижон. Колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао беше творец на победата, откако донесе пресврт во второто полувреме.

Дижон изненадувачки имаше водство по првото полувреме. Варолт беше стрелец на погодокот за гостите на овој меч.

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, потоа го уфрли на теренот Фалкао, и тој дојесе триумф. Во 69.минута, Фалкао изведе слободен удар, топката удри во гредата, а Дирар ја уфрли во голот. Во 81.минута, Колумбиецот изведе фантастичен слободен удар и направи целосен пресврт на натпреварот.

All Goals & highlights – Monaco 2-1 Dijon – 15… by smoki-bobi

Се вчитува...